Нов производствено-логистички центар на најголемиот производител во месната и сувомесна индустрија во Македонија - Пекабеско АД беше отворен во сабота во Кадино, општина Илинден. Објектот е изграден со инвестиционен кредит од 9.5 милиони евра преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) и МБПР, сервисиран преку НЛБ Тутунска банка, а остатокот (3.5 милиони евра) се сопствени средства на компанијата. Во 2008 година почнавме со активности за барање нова локација поголема од дотогашната заради проширување на нашето работење. И во тие наши напори добро ни дојде одлуката на владата за продавање на градежно неизградено земјиште под поволни услови, па така на јавно наддавање во јуни 2009 година го купивме ова земјиште со површина од близу 4 хектари. Со градба почнавме во септември 2010 година, а завршивме во октомври 2012.
Нов производствено-логистички центар на најголемиот производител во месната и сувомесна индустрија во Македонија - Пекабеско АД беше отворен во сабота во Кадино, општина Илинден.
Објектот е изграден со инвестиционен кредит од 9.5 милиони евра преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) и МБПР, сервисиран преку НЛБ Тутунска банка, а остатокот (3.5 милиони евра) се сопствени средства на компанијата.
„Во 2008 година почнавме со активности за барање нова локација поголема од дотогашната заради проширување на нашето работење. И во тие наши напори добро ни дојде одлуката на владата за продавање на градежно неизградено земјиште под поволни услови, па така на јавно наддавање во јуни 2009 година го купивме ова земјиште со површина од близу 4 хектари. Со градба почнавме во септември 2010 година, а завршивме во октомври 2012", изјави првиот извршен директор на компанијата Слободан Кутревски.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во својот говор пред присутните истакна дека Центарот е изграден по сите европски и HACCAP стандарди за производство на сувомесни производи.
„Фабриката има дневен капацитет за производство од 35 тони на ден, конфекционирање на свежо месо, производство на паштети, складирање и расекување на свежо месо, пакување на смрзната риба, пакување на смрзнат зеленчук и овошје и магацини со 7000 палетни места на сите режими на лагерување. За сето ова да се постигне ќе бидат потребни најмалку 30 тони свежо или замрзнато месо како суровина дневно", рече Димовски.
Иако на почетокот се обезбедени 50 нови работни места, кога ќе го достигне својот полн капацитет, центарот ќе вработува вкупно дополнителни 200 луѓе.
Ова е трета локација за производство на Пекабеско АД. Постоечкиот центар во Шуто Оризари, каде Пекабеско беше 26 години не ги задоволуваше плановите за раст на компанијата проширувањето на работењето на компанијата.
Технолошкото решение за изградба на објектот го направи швајцарска компанија запазувајќи ги сите европски нормативи и стандарди во производство и дистрибуција за центарот да добие и европски извозен број.